домаUncategorizedПочнаа големите воени вежби на НАТО на Балтикот

Почнаа големите воени вежби на НАТО на Балтикот

Големи поморски воени вежби на 14 земји-членки на НАТО, вклучително и САД, започнаа во Балтичкото Море под команда на Германија и се демонстративна вежба на сила во контекст на руската агресија врз Украина. Во вежбата „Северни брегови 23“ учествуваат околу 30 бродови и подморници, 19 авиони и различни копнени единици, се наведува во соопштението на германската морнарица, пишува Украинска правда.

Повеќе од 3.200 војници ќе вежбаат „првпат од почетокот на овие маневри во 2007 година според реално сценарио во рамките на одбраната на НАТО“, изјави адмиралот на флотата Стефан Хаиш. Во претходните години, вежбите првенствено ги подготвуваа војниците за спречување на пиратериски, терористички и шверцерски напади или за учество во меѓународни мисии.

„Руската агресија врз Украина радикално ја промени безбедносната ситуација на Балтикот“, изјави портпаролот на НАТО, Дилан Вајт. „Вежбите од овој тип испраќаат јасна порака. НАТО е подготвен да го брани секој сантиметар од сојузничката територија“, се додава во соопштението.

Операциите, кои ќе траат до 23 септември, ќе се одвиваат главно во водите на Естонија и Летонија, вклучувајќи го поврзаниот копнен и воздушен простор, како и во источните и централните делови на Балтичкото Море. Тие две членки на НАТО, кои некогаш беа дел од Советскиот Сојуз, граничат со Русија.

Вежбите „Северни брегови“ Германија ги започна во 2007 година, а годинава учествуваат Германија, САД, Франција, Италија, Финска, Естонија, Данска, Канада, Белгија, Литванија, Летонија, Холандија, Полска и Шведска.

Русија редовно спроведува воени вежби на Балтикот, последен пат во август. Вежбите „Северни брегови 23“ нема да се одржат во близина на Калининград, руска енклава меѓу Полска и Литванија, со цел да се избегне каква било провокација, соопшти германската морнарица.

Беше 16 јуни

00:04:04

Ден 16 јуни 2024

00:01:17

Беше 15 јуни

00:08:54

Ден 15 јуни 2024

00:01:17