домаUncategorizedПочина познатиот италијански пејач Тото Кутуњо

Почина познатиот италијански пејач Тото Кутуњо

Италијанскиот пејач и текстописец Тото Кутуњо, почина на 80 годишна возраст, објавија италијанските медиуми.

Тој почина во болница во Милано, каде што бил хоспитализиран.

Веста за италијанската агенција „Анса“ ја потврди неговиот менаџер Данило Манкузо, кој објасни дека на пејачот ситуацијата му се влошила после долго боледување.

Кутуњо победуваше на многу натпревари, а победи и на Евровизија во 1990 година во Загреб со песната „Инсиеме“, во која пееше за обединета Европа.

На познатиот фестивал во Санремо учествуваше 13 пати.