домаUncategorizedПочина нобеловец по медицинска физиологија со потекло од Македонија Ферид Мурад

Почина нобеловец по медицинска физиологија со потекло од Македонија Ферид Мурад

Почина светски познатиот лекар, по потекло од Македонија, кој во своето работење стекна светско реноме и кој во 1998 година ја доби Нобеловата награда за медицина и физиологија.

Мурад е награден со најголемото признание за откривање на улогата на азотниот оскид на кардиоваскуларниот систем, што денеска наоѓа голема примена во медицината.

Како професор по медицина и здравствени науки во Универзитетот Џорџ Вашингтон, Мурад добил и многу други награди, меѓу кои Наградата за основни медицински истражувања „Алберт и Мари Ласкер“, Наградата „Циба“ на Американското друштво за срце и Наградата „Бахтер“ за истакнати истражувања во биомедицински науки од Друштвото на американските колеџи по медицина.

Беше член на повеќе меѓународни здруженија и асоцијации. Објавил повеќе книги и статии во реномирани светски списанија.

Мурад е роден во Вајтинг во американската сојузна држава Индијана во 1936 година. Неговиот татко бил доселеник од Гостивар, а мајка Американка. Докторирал во Кливленд, а потоа предавал на медицинското училиште на Универзитетот на Вирџинија. Од 1981 продолжил со своите истражувања на универзитетите во Стенфорд и Хјустон.

Неговото име го носи гостиварската болница, а е и почесен доктор за науки на Државниот универзитет во Тетово