домаUncategorizedПендаровски: Згрозувачки се сомнежите за злоупотребите на Онкологија, крајно време е системот...

Пендаровски: Згрозувачки се сомнежите за злоупотребите на Онкологија, крајно време е системот да се справи со криминалот

Во писмената реакција, која е објавена денеска на веб-страницата на претседателот, Пендаровски вели дека е крајно време наместо декларативно системот да потврди дека може да се справи и во пракса со тешките облици на организиран криминал и корупција и да се прекине културата на неказнивост и прекршување на законите.

„Никогаш нема да бидеме вистинско европско општество со одолговлекување на судските постапки и отсуство на лична одговорност. За здраво општество ни треба правна држава во пракса, не на хартија“,пишува Пендаровски во реакцијата.

Претседателот повика на брзо и ефикасно комплетирање на истрагата преземена од МВР и од Обвинителството и соодветна казна за сите за кои ќе биде докажано дека сториле тешки дела против здравјето на луѓето.

„Наместо на тие лица соочени со најтешката дијагноза да им даде целосна поддршка и заштита, здравствениот систем очигледно потфрлил, со што е изгубена довербата не само кај тие болни туку е доведен во прашање и квалитетот на лекување на секој иден пациент“,се додава во реакцијата на шефот на државата.