домаUncategorizedПендаровски положи цвеќе пред Споменикот на жртвите од скопскиот земјотрес од 1963...

Пендаровски положи цвеќе пред Споменикот на жртвите од скопскиот земјотрес од 1963 година

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, положи цвеќе пред Споменикот на жртвите од земјотресот, на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Почит кон загинатите во земјотресот оддадоа и делегации од Собранието и Владата на Република Северна Македонија и од Градот Скопје, амбасадори и делегации од дипломатско-конзуларните претставништва во земјава.

Ден 18 април 2025

00:01:17