домаUncategorizedПендаровски: Без блокади од опозицијата можеме да влеземе во ЕУ и пред...

Пендаровски: Без блокади од опозицијата можеме да влеземе во ЕУ и пред 2030 година

Дали европскиот воз со повеќе брзини на Макрон ќе забави на Западен Балкан ? Откако францускиот претседател повторно го сврте тркалото кон 2018та година и порача дека мора ремонт на ЕУ, оддекнаа различни толкувања и реакции од лидерите во регионот и во јавноста.

Шефот на државата Пендаровски денеска порача дека неговиот француски колега, не рекол дека Западен Балкан нема да влезе во ЕУ.

Смета дека се реални и најавите – до 2030 година Македонија да влезе во ЕУ, па дури и порано, но како што вели – без опструкции од опозицијата.

Стево Пендаровски претседател на Македонија – Ние што подолго ги следиме тие процеси на европските интеграции знаеме дека тоа не е ништо ново. Макрон на почетокот на својот говор, специфично во тој дел кога зборува за внатрешно преуредување на ЕУ, вели ’ова што ви го кажувам сега ви го кажав и пред пет години‘. Тоа е неговата стара идеја, продлабочување пред проширување или продлабочување заедно со проширување. Пред пет години. Во меѓувреме, претседателот Макрон нема ниту една изјава во која вели дека Западен Балкан нема да влезе додека не го направиме продлабочувањето.

По завршувањето на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата во шпанскиот град Толедо и високиот претставник на ЕУ, Жосеп Борел порача, кажа, дека, поставувањето на временска рамка за проширувањето, дава политички поттик за земјите кандидатки.

Жосеп Борел висок претставник за надворешна политика на ЕУ – Една земја ќе стане членка кога ќе ги исполни сите услови, но важно е да му се даде политички поттик на процесот. Украина ќе стане членка на ЕУ, а исто и Западниот Балкан. Но, поставувањето на временска рамка (за проширувањето), може да ја мобилизра нашата енергијата и енергијата на земјите кандидатите за членство.

Вчера австриската министерка за Европа, Каролин Едштадлер, изјави дека е потребна етапна интеграција на земјите кандидати во Европската Унија и повика Западен Балкан да седне на масата со ЕУ , но без право на глас. Претседателот на Европскиот Совет, пак ,пред два дена. од Блед, порача дека ЕУ и Западен Балкан треба да бидат подготвени до 2030 година за прием на нови членки.

Беше 16 јуни

00:04:04

Ден 16 јуни 2024

00:01:17

Беше 15 јуни

00:08:54

Ден 15 јуни 2024

00:01:17