Државниот инспекторат за труд извршил 164 надзори за почитување на мерките и препораките за заштита на граѓаните од високите температури и притоа биле изречени забрани за вршење на дејноста на 30 работодавачи.
Поради топлотниот бран, Владата донесе одлука жените и лицата над 60 години да бидат ослободени од работа, во установите за згрижување на децата да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата од 11 до 17 часот.
Владата одлучи овие мерки да бидат со времетраење од 9 дена, односно од 17 до 25 јули.
