Израелската војска изврши воздушни напади на 3 јули врз градот Џенин во северниот дел на Западниот Брег, при што загинаа најмалку седум Палестинци, соопштија локалните здравствени власти.
Локалните жители изјавија дека Израел извршил најмалку десет воздушни напади во понеделникот рано наутро и дека колона израелски оклопни возила била забележана на патот кон бегалскиот камп во тој град.
Палестинското Министерство за здравство тврди дека при нападите се ранети најмалку 28 лица, од кои осум се во критична состојба. Оттаму тврдат дека во одделен инцидент, израелската војска убила 21-годишен Палестинец северно од Рамала на централниот окупиран Западен Брег.
Од почетокот на годинава, 131 Палестинец се убиени на таа територија за време на зголемувањето на насилството кое трае повеќе од една година
