домаUncategorizedОСТАНУВА ПРАЗНА ДИРЕКТОРСКАТА ФОТЕЛЈА НА ФЗОМ

ОСТАНУВА ПРАЗНА ДИРЕКТОРСКАТА ФОТЕЛЈА НА ФЗОМ

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Фатон Ахмети од ДУИ денеска соопшти дека поднел оставка од функцијата директор на Фондот.
Информацијата ја сподели на социјалните мрежи нагласувајќи дека продолжува со нови активности во својата партија ДУИ.

„Почитувани сограѓани,
Почитувани колеги, соработници и сопартијци,
Секоја задача има свој почеток и свој крај. Денеска објавувам дека поднесов оставка од функцијата генерален директор на ФЗОМ.
Ви благодариме за плодната поддршка и соработка во овој период.
Со сета почит, Фатон Ахмети“, напишал Ахеми на Фејсбук.

Ден 18 април 2025

00:01:17