домаUncategorizedОДЗЕМЕНИ ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕННТИ НА БАГЕРИСТОТ КОЈ УСМРТИ ЖЕНА ВО СКОПЈЕ

ОДЗЕМЕНИ ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕННТИ НА БАГЕРИСТОТ КОЈ УСМРТИ ЖЕНА ВО СКОПЈЕ

Четириесет и две годишниот багерист се сомничи дека сторил тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот.

Одземени му се пасошот и возачката дозвола на багеристот кој прегази жена во Скопје, тој има забрана за напуштање на живеалиштето и има обврска повремено да се јавува кај службено лице или кај надлежен државен орган. Ова се мерките кои Кривичниот суд му ги определи на осомничениот, а на барање на Скопското обвинителство.

Четириесет и две годишниот багерист се сомничи дека сторил тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот.

„Осомничениот без да се придржува кон прописите на јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето на обележан пешачки премин со машината удрил во телото на една жена-пешак, која од ударот се здобила со тешки телесни повреди и починала.“

Скопското обвинителство даде наредба да се испитаат сите околности за причините за несреќата.

Ден 18 април 2025

00:01:17