домаUncategorizedОд петок поскапуваат витамините, цигарите и антидепресивите

Од петок поскапуваат витамините, цигарите и антидепресивите

Витамините, цигарите, антидепресивите од петок со повисока цена. За 5 денари по кутија поскапуваат сите цигари, чија акциза се зголемува согласно законските измени. Поскaпо ќе се продаваат и пурите и цигаросите, како и електронските цигари. Само со заголемување на акцизата Владата планира во буџетот да собере 13 милиони евра. За пушачите ќе има нов удар по Нова година кога акцизата дополнително ќе се зголеми за 0,23 денари по парче, или нови 5 денари. Согласно законот, секој 1 јануари во наредните 6 години, односно до 2030 акцизата ќе зголемува.

Во петок исто така ќе поскапат околу 500 суплементи, меѓу кои витамините за трудници и додатоците на исхрана неопходни за раст и развој на доенчиња и деца. Листата производи чие ДДВ се зголемува од 5 на 10 отсто ќе биде објавена утре, а ќе стапи на сила веќе следниот ден. По повисока цена ќе се продаваат сите мултивитамински препарати, кои содржат витамин Б, Д и Е, магнезиум, витамин Ц од 1,000 милиграми, препарати за поддршка на работа на црниот дроб, простатата, очите, кесички со електролити за дехидрација, пробиотици, додатоци за вознемиреност или несоница.

Со поскапувањата ќе се зголемат трошоците за живот, предвидува и ММФ во најновиот извештај. Наспроти очекувањата на власта дека инфлацијата до крајот на година ќе достигне 5, 6%, Меѓународниот фонд прогнозира 10 процентна инфлација, што е меѓу највисоките во регионот. Поголема, над 12 отсто ќе има само Србија. Високата инфлација и високите каматни стапки се ризик за глобалниот економски раст, предвидува ММФ, кој ќе биде значително помал од првичните прогнози, а инфлацијата нема да се врати на посакуваното ниво до 2025.

Во Извештајот ММФ прогнозира дека македонската економија оваа година ќе има раст од 2,5%, глобалната 3 осто, развиените економии само 1,5, а земјите од еврозоната 0,7 процентен раст.