Во Уставниот суд се одржа дводневна работилница за стручната служба на тема „Забраната за дискриминација во судската пракса на Европскиот суд за човекови права“.Во рамки на обуката беа разработени формите и основите на дискриминација, опсегот на употреба на членот 14 и член 1 од Протоколот број 12 од Европската конвенција за човековите права. Беа спроведени вежби за препознавање на различен третман, недостаток на објективно и оправдано оправдување, товар на докажување во случаи на дискриминација, говор на омраза и беа разработени конкретни примери против Северна Македонија во изминатите години.
Обуките ги спроведоа Ана Медарска Лазова и Христијан Конески, адвокати, ангажирани во Секретаријатот на Европскиот суд за човекови права. Настанот се реализираше на 10 и 11 јули , со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а со цел зајакнување на вештините на стручната служба преку практични примери од областа на човековите слободи и права.
