домаUncategorizedНепристапноста на спортските објекти останува предизвик за лицата со инвалидност

Непристапноста на спортските објекти останува предизвик за лицата со инвалидност

  • Непристапноста во спортските објекти и дефицитот на тренерскиот кадар кој сака да работи со лица со инвалидност беа истакнати како дел од предизвиците со кои се соочуваат овие лица на денешниот настан „Спорт за сите“ Спортски саем 2023 година.
  • На настанот што се одржа на иницијатива на вицепремиерката Славица Грковска, Бранимир Јовановски, претседателот на Параолимпискиот комитет истакна дека непристапноста на спортските објекти, јавниот превоз, паркинг местата и тренерскиот кадар се едни од најчестите предизвици со кои се соочуваат лицата со инвалидност.
  • – Кога зборувам за пристапност не мислам само на влезна рампа, мислам на тоалет, на соблекувална, туш кабина, на лифт за да може да се качуваат, бидејќи некој ќе дојде да биде и гледач, не само учесник во спортски активности, рече тој.
  • Вицепремиерката Грковска истакна се направени многу чекори за подобрување на состојбата, меѓутоа, како што истакна, „непобитен е фактот дека треба уште многу да се направи“.
  • – Затоа е важно сите ние како носители и чинители на носењето на политики, како здруженија, но и како граѓани, да бидеме свесни за предизвиците со кои се соочуваат луѓето со попреченост, но и да ја исполнуваме обврската да обезбедиме еднакви услови за сите да ги практикуваат своите загарантирани права, рече таа.
  • Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите Нации, Армен Григоријан, истакна дека спортот ги менува лицата со попреченост во еден, како што рече, навистина изворен и длабок начин и им дава моќ да бидат адвокати на промени во општеството. Тој истакна дека е важно инклузивниот спорт да има инклузивна застапеност.
  • – Тоа е работа на сите, не само на Параолимпискот комитет или на Владата, рече тој.
  • Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири нагласи дека спортот е потреба и право на сите луѓе, без оглед на нивните физички и ментални способности и обврска на општеството е да овозможи вклучување на сите граѓани, без каква било форма на дискриминација.
  • – Во рамките на политиките за подигнување на степенот за инклузивност на нашиот образовен систем интензивно инвестираме во образовна инфраструктура. Од проектот 145 сали досега се реализирани 100 спортски сали кои се пристапни и достапни за учениците со атипичен развој. Министерството доби грант вреден три милион евра со кои се финансира реконстурукција на 30 постоечки сали во основни и средни училишта, а воедно и се набавува нова спортска опрема во вкупно 50 спортски сали во основните училишта, рече тој.
  • Ристо Пенов, министерот за локална самоуправа го истакна потфрлањето во инфраструктурата.
  • – Мора да ја промениме целосно филозофијата, од почетоците на нашето образование, во едукацијата на тие инженери кои проектираат. Само така ние ќе можеме да ги поддржиме резултатите кои ги постигнува Параолимпискиот комитет, рече тој.
  • Според директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски ништо не треба да биде пречка за некој да се откаже и да го живее спортскиот сон.
  • – На нас, институциите е да се потрудиме да го олесниме пристапот до секојдневните активности, да доделиме начин на решение кој е од особено значење за овие лица во спортот, рече тој.
  • Настанот „Спорт за сите“ се одржува во рамките на проектот „Од знаење и образование до зајакнување и учество“ со фокус на промоција на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост и практикување на пристап заснован на човекови права.
  • Во рамки на настанот, организиран во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации и во партнерство со Националните сојузи и организации на лица со попреченост, покрај панел дискусијата „Спорт за сите-можности и перспективи” ќе има и саем на кој ќе се презентираат можностите за активно спортување на лицата со попреченост во неколку спортски федерации и спортски клубови, како и практично демонстрирање на спортските дисциплини пред посетителите, преку обиколка на промотивните штандови, кои ќе бидат поставени во спортската сала.

Беше 16 јуни

00:04:04

Ден 16 јуни 2024

00:01:17

Беше 15 јуни

00:08:54

Ден 15 јуни 2024

00:01:17