Останките за кои се верува дека се човечки, како што пренесува Би-би-си повикувајќи се на соопштение на крајбрежна страна на САД, ќе бидат анализирани од американски медицински професионалци
Американската крајбрежна стража верува дека се пронајдени човечки останки меѓу остатоците од туристичката подморница „Титан“ кои беа извлечени вчера од длабочините на Атлантикот по трагедијата во која животите ги загубија пет лица.

Транспортот на остатоци од подморницата „Титан“ во Сент Џонс, Канада/Фото: Принтскрин
Парчиња од подморницата која имплодира при нурнување водите на Атлантскиот Океан, во она што требаше да претставува обиколка на остатоците на потонатиот брод „Титаник“, вчера беа извлечени и истоварени на пристаништето во Сент Џонс во Канада.
Според официјални претставници, биле пронајдени рамката за слетување и задниот капак на туристичката подморница.
Останките, за кои се верува дека се човечки, како што пренесува Би-би-си повикувајќи се на соопштението на крајбрежната стража, ќе бидат анализирани од американски медицински професионалци.
Инаку, истрагата за причините за катастрофата е сè уште во рана фаза. Како што е соопштено, Поморскиот одбор за истраги на крајбрежната стража на САД ќе ги пренесе остатоците, кои сега имаат третман на докази, до американското пристаниште за понатамошна анализа и тестирање.
Претставници на американската крајбрежна стража изјавија дека рамката за слетување на потопената подморница и задниот капак биле пронајдени меѓу остатоците.
Пет лица загинаа, меѓу кои и тројца британски државјани, кога подморница претрпе катастрофална имплозија додека се обидуваше да се спушти до остатоците од Титаник.
Потрагата по исчезнатата подморница започна на 18 јуни, а делови од остатоците беа пронајдени на околу 487 метри од остатоците на „Титаник“, пет дена подоцна на длабочина од околу 3 800 метри.
На туристичката подморница исчезна во близина на потонатиот брод „Титаник“ во средината на Атлантикот, а целосен траг беше изгубен еден час и 45 минути по нурнувањето.
