домаUncategorizedМакедонија паѓа на ФИФА ранг листата

Македонија паѓа на ФИФА ранг листата

По разочарувачките јунски резултати, македонската фудбалска репрезентација назадуваше на најновата ранг листа на ФИФА за три позиции.

Македонија сега се наоѓа на 68-ма позиција, а падот се должи на поразите од Украина и Англија во евроквалификациите.

Пред нашата селекција се наоѓаат селекции како Исланд, Зеленортски Острови, Албанија, Северна Ирска и Јамајка.

На врвот на ФИФА ранг листата и натаму е Аргентина, следуваат Франција и Бразил, а во топ 10 има место и за Англија, Белгија, Хрватска, Холандија, Италија, Португалија и Шпанија.

Избраниците на селекторот Милевски ќе имаат можност за напредок на листата во септември, кога дома играме со Италија и на гости против Малта.