домаUncategorizedЛозарите бараат поголема поддршка од државата, велат дека винарите им ги нудат...

Лозарите бараат поголема поддршка од државата, велат дека винарите им ги нудат ланските откупни цени 

Сојузот на здруженија на лозари бара поголема поддршка од државата, по пет денари за килограм гројзе. Вели дека винарските визби ги нудат ланските откупни цени, 16,5 денари за „вранец” и 14,50 денари за „смедеревка“. 

Според Сојузот, ако лозарите ги добиваат реалните производствени цени од винарите, нема ни да бараат државна поддршка.

-Винарите ни ги нудат ланските постигнати цени за грозјето, затоа бараме од државата поголема поддршка оваа година, по пет денари за килограм, а од следната, ќе инсистираме откупувачите повеќе да ни го ценат трудот и да платат повеќе, изјава за МИА претседателот на Сојузот, Јован Златевски.

Како што нагласи Златевски, поголема поддршка е неопходна за да се покријат производните трошоци и за лозарите да не бидат во „минус”.

– Овој гроздобер винарите ги откупуваат најзастапените црна и бела сорта грозје за 18,50 и 16,50 денари. Всушност, ова се ланските цени. Минатата година добивме по 16,50 денари за „вранец” и 14,50 за „смедеревка“ од откупувачите, а на овие цени, плус по два денара од килограм поддршка од државата. Годинава бараме поголема поддршка од државата, за да ги покриеме трошоците за производство и лозарите да не бидат во „минус” оваа производствена сезона. Да бидеме на чисто, ако ги добиваме реалните производствени цени од винарите, ние нема да бараме поддршка од државата, дециден е Златевски.  

Тој информира дека родот е намален поради болести, климатски промени и проблеми со наводнувањето како последица на дефект.

МИА

Беше 18 мај

00:03:36

Ден 18 мај 2024

00:01:17