домаUncategorizedЛесно, брзо и едноставно – вкусен микс од спанаќ и кашкавал

Лесно, брзо и едноставно – вкусен микс од спанаќ и кашкавал

Одлично јадење од спанаќ, го сакаат дури и оние кои избегнуваат да јадат зеленчук!

Состојки:

  • 1кг спанаќ
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 150мл павлака
  • 150гр кашкавал
  • 2 лажици масло
  • сол
  • бибер

Подготовка:

  1. Измијте го и исечете го спанаќот, па потоа исечкајте го кромидот и лукот. Во тенџере загрејте масло и во него пропржете кромид и лук и додајте спанаќ. Динстајте додека спанаќот не добие боја. Тргнете го поклопот и почекајте течноста да испари.
  2. Додајте павлака и зачинете со сол и бибер, добро измешајте.
  3. Префрлете во сад за печење, посипете со рендан кашкавал и печете во претходно загреана рерна на 200 степени, додека кашкавалот не се растопи.

Беше 18 мај

00:03:36

Ден 18 мај 2024

00:01:17