Креативна работилница „Сликање на порцелан“ во Крива Паланка
- Под менторство на креативната Оливера Станковска од Крива Паланка во просториите на библиотеката „Кочо Рацин“ при Центарот за кутура – Крива Паланка се одржа работилница на која беа работени мотиви од македонската фолклорна традиција.
- -Целите кои ги поставуваме за да се сочуваат и пренесат традициите, на вакви и слични работилници, секогаш се исполнуваат. За мене, како ментор на креативни работилници, постојат и други важни работи кои произлегуваат од нив, а ме мотивираат да продолжам со нивно реализирање, меѓу кои би набројала неколку: посветеност, креативност, мотивираност и фокус кон она што се работи. Креативната работилница е успешна доколку: барем еден од присутните пројави заинтересираност и понатаму да ја практикува оваа техника, барем еден од нив пројави заинтересираност оваа техника да ја пренесе на децата или внуците во својот дом или пројави заинтересираност за учество на следна креативна работилница, така што,јас сум среќна што може да ја оцениме како сосема успешна и оваа работилница, рече Станковска.
- На работилницата учествуваа десетмина учесници, млади и повозрасни, а беа изработени триесетина изработки.
- „Сликање на порцелан“ е проект поддржан од Министерството за култура во рамки на годишната програма на Центарот за култура – Крива Паланка.