домаUncategorizedКовачевски: Ни свети СДСМ, ни свето ВМРО, ни свети ДУИ - тој...

Ковачевски: Ни свети СДСМ, ни свето ВМРО, ни свети ДУИ – тој што се огрешил ќе одговара

ротестот пред Владата за случувањата на онкологија е добредојден да се направи поголем притисок кон институциите и да има побрза разврска, изјави премиерот Ковачевски.. Иако во повикот за протест се бараат оставки од раководството во здравство и за одговорни се посочени и поранешните министри Филипче и Сали, Ковачевски вели дека политичка одговорност за тие кои веќе не се на функции не може да се бара, а актуелните функционери, Меџити и Клисаровска, вели дека веќе даваат отчет пред истражните органи кои го водат случајот. Со повик да не се политизира скандалот во Клиниката за онкологија, премиерот тврди дека независно од партиската припадност, секој кој е виновен ќе одговара пред законот.

„Граѓаните очекуваат расчистување на ова и нема да има никаков пардон. Тоа што граѓаните протестираат јас го разбирам и нивната загриженост и нивниот бес. Нема да се дозволи никаков притисок, ниту политички, ниту етнички, ниту каков било друг. Инволвираните ако сакаат нека бидат членови и на свети СДСМ, и на свето ВМРО, и на свети ДУИ тој што се огрешил има да одговара.“

Преку соопштение и од ДУИ бараат обвинителството темелно да ги истражи сите сомнежи и истрагата да не се злоупотребува од партиите. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се согласува дека не треба да се политизираат сензитивни прашања, но вели фотографии од раководителите на онкологија сведочат дека тие се лица блиски до власта. Потребни се оставки и кривична одговорност, вели Мицкоски, а од партијата најавија и дека ќе покренат собраниска анкетна комисија за да се дебатираат и истражуваат случувањата на клиниката.

„Како човек сум згрозен од тоа што се случува. Сведоци сме на едно криминално и монструозно мафијашко здружување на неколкумина медицински лица блиски до партиите на власт. Она кое што згрозува е за да се богатат, за да остварат лична добивка. Затоа е потребна одговорност не само кривична, туку и политичка. И затоа ако има барем малку човечност кај луѓето во владата треба веднаш да си поднесат неотповикливи оставка и да може да излеземе пред граѓаните на брзи парламентарни избори. Тоа е она коешто најмалку треба да го поднесат.“

Се огласи и претседателот Стево Пендаровски, кој преку социјалните мрежи вели дека се фрапантни и згрозувачки сомнежите за злоупотреба на терапијата за лицата болни од рак. „ Здравствениот систем очигледно потфрлил, со што е изгубена довербата не само кај тие болни, туку е доведен во прашање и квалитетот на лекување на секој иден пациент. Повикувам на брзо и ефикасно комплетирање на истрагата и на судско-обвинителско процесуирање без селективност и соодветна казна за сите за кои ќе биде докажано дека сториле тешки дела против здравјето на луѓето.“, пишува во фејсбук статусот на претседателот Пендаровски.