Без вода денеска од 10:15 часот се дел од корисниците лоцирани на улицата „Гемиџиска“.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка на улица „Гемиџиска“ 40.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до санација на дефектот.
