домаUncategorizedИнспекци,казни и забрана за работа најави Бектеши за справување со новиот ценовен...

Инспекци,казни и забрана за работа најави Бектеши за справување со новиот ценовен шок

Цените секојдневно растат а надлежните допрва ќе анализираат дали треба и какви мерки треба да се воведат за да се ублажи ценовниот шок со кој се соочуваат граѓаните. Дел од прехрамбените и млечните производи поскапуваат преку ноќ а цените на овошјето и зеленчукот остануваат високи. Министерот за економија Крешник Бектеши побара од надлежните инспекциски служби да превземат акции и да ја лоцираат причината за поскапувањата односно дали е под притисок на трвоците или пак станува збор за нешто друго. Бизнис заедницата е против повторно замрзнување на цените и ограничување на маржите




СКОПЈЕ – Бектеши е незадоволен од работата на Комисијата за заштита на Конкуренцијата која според него не сторила ништо за да ги спречи поскапувања па затоа ги повика да излезат на терен и да прават контроли бидејќи досега немаат ниту една преставка.

„Ние не можеме да се мешаме во работата на таа Комисија директно, зашто се избира од Собранието на Северна Македонија. Затоа почнавме измени во Законот со кој се определува работата на оваа Комисија. И ова не може само во време на криза. Комисијата треба да ги разгледа и другите аспекти – од национален интерес, на одредени компании каде имаше заложба да вршат јавна услуга, а излегуваат во 5 до 12 со став дека ќе ги остават граѓаните без јавни услуги. Такво однесување без да се преземе мерка од Комисијата, во некоја држава не верувам дека може да се случи“, рече министерот Бектеши.

Доколку има потреба мерки ќе се воведат а доколку се утврди дека трговците манипулираат со цените можно е да има и забранат за работа.

„Треба да имаме конкретни анализи каде се случува поскапувањето – дали во синџирот на трговијата или има нови цени формирани од страна на производителите. Во делот на одредени производи ние сме повеќе зависни од увоз и таму не можеме да имаме никакво влијание. За домашните производи секако дека имаме механизми и такви механизми веќе имплементираме. Производствените компании во земјава добиваат милионски суми како директна финансиска поддршка од Владата годишно за секоја инвестиција и да се книжат и тие грантови што ги добиваат во формирање на производните цени за мене е неприфатливо. Кога се случуваат вакви неконтролирани зголемувања на цените, кои не се основани, во согласност со првичните информации што сум ги добил денеска, ако има здружување на одредени сектори, јас сум за да се оди и на Законот за заштита на потрошувачите, каде што се предвидени и поригорозни мерки, а ги знаете кои се поригорозните мерки. Таму има и забрана за вршење дејност“, изјави Бектеши.

Засилени инспекции и ажурни иснпекциски служби е нешто на што алрамираше министерот за економија.

Ден 18 април 2025

00:01:17