Во Санкт Петербург, родниот град на рускиот претседател Владимир Путин, утрово избувна голем пожар во магацинот за нафта Ручи, а жителите забележале огромен столб чад како се издига на небото.
Локалниот сајт Фонтанка известува од Министерството за вонредни ситуации на Русија дека пожарот го зафатил хангарот и се проширил на 125 квадратни метри од зградата, чија вкупна површина е 800 метри квадратни.
Се наведува дека во гаснењето на пламените јазици учествувале 12 противпожарни возила и 60 лица.
Фонтанка наведува дека, според првите информации, се запалил авто-сервис лоцирана веднаш до магацинот за нафта.
Претходно овој сајт, повикувајќи се на свои извори, објави дека се запалиле нафтени деривати.
Се вели дека компанијата која е сопственик на ова складиште за нафта, банкротирала во 2021 година.
