домаUncategorizedГОРИ ОСНОВНИОТ СУДОТ ВО КУМАНОВО

ГОРИ ОСНОВНИОТ СУДОТ ВО КУМАНОВО

Пожар изби во зградата на кумановскиот основен суд. Пожарот бил пријавен ноќеска околу 2 часот по полноќ

Пожарникарски тимови се уште се наоѓаат на местото и го догаснуваат пожарот. Нема повредени.

Претседателката на судот Снежана Манева за Телма потврди дека е регистриран пожар во подрумскиот дел во една од просториите. Во тој дел на судот се наоѓа архива од предмети од минатото.

-Се уште чади и се расчистува. Не знаеме засега кои се причините, дали е подметнат или е од електрична инсталација. Тоа ќе покаже истрагата. Зафатена е една подрумска просторија, ни рече Манева.

Во зградата се наоѓа и основното јавно обвинителство како и неколку јавни претпријатија. Судот во Куманово се наоѓа во непосредна близина на полициската станица и на зградата на општина Куманово.

Од ЦУК известија за пожарот:

Регионалниот ЦУК Куманово извести дека пожарникарите од ТППЕ Кумнаво од 01:35 часот интервенира на опожарени подрумски простории во зградата на Основен суд во Куманово, каде што се наоѓа архива на Судот. Во гаснењето на пожарот интервенирале 7 пожарникари со 2 ПП возила. Пожарот е локализиран, но една екипа од ТППЕ Куманово се уште е на терен.

Ден 18 април 2025

00:01:17