Новак Ѓоковиќ со спектакуларен пресврт се пласира во осминафиналето на Ју-Ес опен, откако ноќеска го совлада сонародникот Ласло Ѓере во меч кој траеше речиси четири часа и по неверојатен пресврт од 0-2 до 3-2 во сетови!
За Новак ова беше е осми пат во кариерата да се врати во овој спектакуларен стил, а воедно и прв на Ју-Ес Опен од епскиот дуел со Роџер Федерер во 2011 година. Серијата почна на Вимблдон во 2005 година, кога Србинот го „сврте“ Гиљермо Гарсија Лопез, за да следи споменататат пресмтка со Швајцарецот (6-7, 4-6, 6-3, 6-2, 7-5) во полуфиналето на гренслемот во Њујорк.
Ѓоковиќ на ваков начин го победи Андреас Сепи на Ролан Гарос во 2012 година, како и Кевин Андерсон на Вимблдон во 2016 година. Пред две години во Париз го преживеа Лоренцо Музети пред неверојатно финале со Стефанос Циципас (6-7, 2-6, 6-3, 6-2, 6-4). Лани на Вимблдон „свртен“ беше Јаниак Синера.
Досега во кариерата вкупно 19 пати бил во ситуација да губи со 0-2, вклучувајќи го и овој дуел со Ѓере, што значи дека во 11 дуели не успеал да направи пресврт до крајот на мечот.
