домаUncategorizedГаревски: Експертизата за мостот „Беласица“ е готова, потребна е лесна санација

Гаревски: Експертизата за мостот „Беласица“ е готова, потребна е лесна санација

Професорот Михаил Гаревски од Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени за „ТВ24“ вели дека на мостот „Беласица“ не е потребно зајакнување на мостот.

– Експертизата за мостот „Беласица“ е завршена и предадена во градското собрание. По светската класификација оштетувањата се мали, не треба зајакнување на мостот, туку мала санација со естетско дотерување, кажа Гаревски.

Гаревски посочи дека пуштањето на мостот во употреба не зависи од експертизата, ниту од Град Скопје, туку од Топлификација која треба итно да ги извади цевките затоа што преку нивната изолација се случил пожарот.

Ден 18 април 2025

00:01:17