домаUncategorizedЕВТИНА СТРУЈА ЌЕ ИМА ОД 1 ДЕКЕМВРИ, ОД 13 ДО 15 ЧАСОТ,...

ЕВТИНА СТРУЈА ЌЕ ИМА ОД 1 ДЕКЕМВРИ, ОД 13 ДО 15 ЧАСОТ, ИЗЈАВИ БЕСЛИМОСКИ!

Од 1 декември ќе има евтина струја во периодот од 13 до 15 часот, кажа денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски.

Евтината тарифа преку ден беше воведена во октомври 2017 година. Владата ја укина на 1 јануари 2022, кога имаше зголемување на цената на електричната енергија за 9,48 отсто. Ако останеше евтината тарифа граѓаните ќе требаше да плаќаат поскапа струја за 14,23 отсто.

Граѓаните и понатаму користат евтина струја само во текот на ноќта, од 22 до 7 часот секој ден и во недела цел ден.

Ден 18 април 2025

00:01:17