домаUncategorizedЕвропската министерска тројка денеска на прием кај Талат Џафери

Европската министерска тројка денеска на прием кај Талат Џафери

„Вајмарската тројка“ е во дводневна посета на земјава, а во текот на денешниот ден се очекува да го посети Собранието.

 Министрите за Европа на Франција, Германија и Полска во парламентот ќе се сретнат со претседателот на Собранието Талат Џафери. Исто така, се очекуваат средби и со координаторите на пратеничките групи.

Вчера по средбите со државниот врв и со претставници на политичките партии, порачаа дека треба да биде направен следниот чекор и да се внесат Бугарите во највисокиот правен акт, но кажаа и дека тоа е само почеток, дека за членство во Европската Унија ќе треба многу повеќе работа, пред се борба со криминалот и корупцијата.

Ден 18 април 2025

00:01:17