домаUncategorizedЕВН НА ТЕРЕН- СЛУПЧАНЦИ ИМ ДОЗВОЛИЈА ДА ГО САНИРААТ ДЕФЕКТОТ ВО...

ЕВН НА ТЕРЕН- СЛУПЧАНЦИ ИМ ДОЗВОЛИЈА ДА ГО САНИРААТ ДЕФЕКТОТ ВО СЕЛОТО !

После вчерашните циркузи во село Слупчане денес КОНЕЧНО постигнат е договор помеѓу мештаните и екипите на ЕВН .

Сликата во Слупчане денес е друга, блокираните улици функционираа, ја немаше бучавата на агрегатите за струја а екипте на ЕВН слободно функционираа.

Од ЕВН најавија дека нивните екипи ќе започнат да работат на реконструкцијата на мрежата во Слупчане на 9ти август, а во целата ситуација интервенција ќе има и од министерот за економија Крешник Бектеши.

Постигнат е договор со мештаните на Слупчане, а гаранции се дадени од локалната власт и од страна на сите политички партии. Наредната недела ќе се одржи состанок во општина Липково на кој ќе се договорат сите детали за организацијата и за реализацијата.

Сепак, жителите на Слупчане велат, прво разговори и потпишување на меморандум каде прва точка е да не биде, па потоа работа на терен. Демантираат дека оштетиле трафостаница и дека барале лимитирани сметки за струја, ваквите наводи ги сметаат како провокација од страна на директорот на КЕЦ Куманово.

На 9ти ќе влеземе да работиме, значи пак ја провоцира ситуацијата без да влезе во разговори, ние разговаравме и минатиот пат, додека не се потпише меморандумот, нема да одиме со сила и ние сме за разговор за меморандумот да се потпише, но лично директорот на КЕЦ Куманово ја предизвикува ситуацијата, и вчера ја предизвикуваше.

Во однос на вчерашните тензии, министерот Спасовски кажа дека најбитно е ситуацијата да се реши на мирен начин, но не исклучува ниту полициска интервенција доколку е потребно.

Премиерот Ковачевски пак кажа дека не треба да се извлекува впечаток за Слупчане поради одредена група на граѓани кои не плаќаат.

Ден 18 април 2025

00:01:17