домаUncategorizedЕуфорија во Мајами: Најскапата влезница за дебито на Меси чини - цело...

Еуфорија во Мајами: Најскапата влезница за дебито на Меси чини – цело богатство!

Лионел Меси пред неколку дена слета во Мајами, направи спектакуларна презентација, а в петок ќе дебитира во Лига купот, натпреварување во кое меѓусебно играат клубови од САД и Мексико.

Влезниците за оваа средба се веќе во продажба, а нивната просечна цена е 450 евра, со напомена дека најскапите билети се продаваат за огромни 100.000 евра. Еуфоријата меѓу навивачите на Интер од Мајами е огромна и се објаснува со феноменот на големи ѕвезди.

Интересот за оваа средба во САД се споредува со времето кога легендарниот Пеле потпиша за Њујорк Космос.

Ден 18 април 2025

00:01:17