домаUncategorizedЏАФЕРИ:AКО НЕМА ДВОТРЕТИНСКО МНОЗИНСТВО МОЖНО Е ОДЛОЖУВАЊЕ НА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

ЏАФЕРИ:AКО НЕМА ДВОТРЕТИНСКО МНОЗИНСТВО МОЖНО Е ОДЛОЖУВАЊЕ НА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

Талат Џафери ја отвори вратата за одложено гласање на уставните измени. Претседателот на Собранието, вели дека расправата која е закажана за 18 август и ќе трае најмногу десет дена, не е врзана со чинот на гласањето.

Порача дека уставните измени се во непредвидлива фаза и се повика на месец ноември како краен рок за гласање, месецот, кога Македонија треба да го заврши и скринингот со Европската унија. 

– Тоа го предвидува Деловникот, а го покажува и праксата претходно од слични иницијативи за уставни измени, затоа што Собранието одлучува доколку го има потребно мнозинство за одлучување. Во тие рамки, не можам да претпоставам што и како ќе се случува, но формално Собранието ќе почне со расправа на 18 август, а чинот на гласање дали ќе биде по завршување на расправата или ќе биде одложено, зависи од конкретната состојба на деновите во кои тече расправата. рече Џафери.

За Мицкоски, оваа изјава на Џафери е купување време. Порача дека  пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ќе бидат присутни на пленарната седница на 18ти август, но дека ќе гласаат против дневниот ред и точката од потребата за отворање на Уставот. 

– Она што за мене е важно се 44 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и тие се столбот на одбрана на Македонија и македонските национални интереси и јас се потпирам на тој столб и мислам дека граѓаните на Макеоднија треба да се потпрат на тој столб. – рече Мицкоски.

СДСМ пак изминатите денови ги повикува пратениците да кренат рака за промена на уставот, во спротивно, велат, следи изолација. 

И додека Гаши од Алтернатива, Касами од Беса и предводникот на огнените Меџити најавуваат заедничка соработка, досегашниот заменик претседател  на БЕСА, Аријанит Хоџа информира за нова политичка партија и глас за уставните измени од неговиот пратеник Бајрами. 

– Имајќи предвид дека државата се наоѓа во многу деликатна ситуација во која се одлучува за европската иднина ќе се однесуваме со внимание сериозност и посветеност да придонесеме преку нашиот претставник во Собранието за што поскоро да се случат уставните измени и да се пристапи кон отворање на патот за членство во ЕУ. – вели Хоџа.

Инаку власта пред два дена остана без уште еден глас Енис Ибрахим од партијата за Движење на Турците се изјасни дека нема да гласа за промена на уставот.

Ден 18 април 2025

00:01:17