домаUncategorizedДеца на училиште ќе вежбаат ставање кондом на краставица – револт на...

Деца на училиште ќе вежбаат ставање кондом на краставица – револт на социјалните мрежи

Наставна програма за VII – IX одделение со наслов “Кондоми без предрасуди” предвидува децата да вежбаат ставање на кондом.

Во упатството пишува дека материјали кои децата треба да ги донесат се пакување кондоми, една краставица, шамивче

Наставникот ќе демонстрира а учениците треба да го вежбаат навлекувањето на кондомот врз краставица.

-Држејќи го врвот на кондомот со едната рака, со другата навлечете го на краставицата, стои во инструкциите за наставникот/чката. Овој документ е и јавно објавен на страната на Бирото за образование.

На социјалните мрежи бурни реакции. Прашуваат дали е соодветно деца на таа возраст да имаат вакви вежби ?

Вистел побара мислење и од Бирото за образование каде се објавени овие упатства. Од таму велат дека ова е организирано и тенденциозно и се пласираат информации за да се оцрни Бирото и новата Концепција за основно образование, но притоа користејќи упатства за работилници кој постојат во образовниот процес од 2009 година.

Во информацијата која бирото ја испрати до Вистел понатаму се вели:

Бирото за развој на образованието најстрого ги демантира невистините во врска со Концепцијата за основно образование  со наслов „СО НОВИТЕ ОБРАЗОВНИ КОНЦЕПТИ ДО РАНА СЕКСУАЛИЗАЦИЈА НА НАШИТЕ ДЕЦА“ објавено на FACEBООK на  Родителски фронт. Најновата во низата лаги што организирано и тенденциозно се пласираат со единствена цел да се оцрни Бирото и да се подгреваат паниката и стравот од новата Концепција за основно образование.

Имено, во горенаведената објава тенденциозно се споделува работен лист како дел од наставен материјал кој го доведува во корелација со актуелната Концепција за основно образование. На тој начин, се наведува граѓаните што ги следат да помислат дека работниот лист е подготвен како дел од образовната реформа и дека како таков (ќе) се користи во 7-то и 9-то одделение.

Со само еден клик може да се види дека споделените работни листови се дел од Програмата Образование за Животни Вештини (стр. 240), кој како таква  е издадена во 2009 година односно дека не е дел од развиените наставни материјали поврзано со реформите во основно образование согласно новата Концепција за основно образование.  

Со други зборови, се креира слика за образовниот систем користејќи наставни материјали од Прирачник изготвени  во 2009 година. Со новата Концепција за часот на класната задница не е пропишано дека се реализира Програмата за образование за животни вештини туку дека се реализираат активности со цел да се придонесе во социоемоционалниот развој на детето. 

Имајќи ја предвид, брзината со која се шират сензационалистички и лажни вести од социалните мрежи  повторно апелираме до граѓаните, а особено до родителите и младите да ги земат со голема доза на претпазливост и да ги проверуваат сите информации што се споделуваат  во врска со образованието на вашите деца, а  коишто на се од официални веб страни од надлежни институции за развој на образованието“, се вели во дописот од Бирото за образование.