Екипата на Арсенал летово продолжи да ги воодушевува навивачите со трансферите, како тој на Деклан Рајс од Вест Хем, но во исто време делумно ги разочара со изгледот на гостинскиот дрес за новата сезона.
Неговата промоција беше направена преку видео создадено во соработка со нивниот добавувач на опрема, Адидас. Коментарите не се најдобри, а дресот доби екстремно ниска оцена (1,8 од 5) на страницата за фудбалски дресови од целиот свет, на која гласаа над три илјади фанови. Според овој сајт, ова е најгрдиот дрес на Арсенал во историјата.

На многумина, пак, не им е јасно што толку не им се допаѓа на фановите. Можеби тоа е промената, бидејќи црните дресови за гости од минатата сезона се најдобро оценети на истата страница. И тоа меѓу стотина дресови на Арсенал низ историјата.

