Ако сакате да направите совршени плескавици и притоа месото да не ви се исуши послшајте го советот на Греам Елиот.
Тој вели дека на овој начин месото нема да се исуши, а коцките ќе им помогнат и на плескавиците да ја задржат правилната форма.
“Не треба да сте мајстор за скара за да направите одлични плескавици. Потребни ви се само коцки мраз кои се ставаат во средината на месото при печењето и се притискаат со прстите. Поради пониската температура, месото ќе остане посочно бидејќи нема да се исуши, но сепак убаво ќе зарумени.”
Греам советува да не се додаваат премногу додатоци како кромид или пиперки во смесата со месо бидејќи, според него, месото треба да биде месо, а додатоците се додаваат дополнително.
