домаUncategorized82-ра годишнина од НОБ

82-ра годишнина од НОБ

82 години од почетокот на народното востание против фашистичкиот окупатор. На еден од најзначајните датуми за македонската држава, владина делегација, пратеници, министри, амбасади, судии, граѓани одадоа почит на загинатите борци во Народно ослободителната борба. Положија свежо цвеќе пред Спомен костурницата во Куманово, каде почиваат коските на околу 800 борци.

Манифестацијата во Куманово се оддржа под мотото “Непокор и слобода”. Премиерот Ковачевски, во своето обраќање порача граѓаните да останат цврсти и обединети, бидејќи мора да се справиме како што вели, со антиевропската агенда. Да останеме на европскиот пат во името на македонскиот непокор, порача премиерот.

Во европското семејство треба да влеземе достоинствено- со порака за зачувување на македонскиот јази, идентитет и историја, и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски им го честиташе празникот на граѓаните.

Претседателот Пендаровски, положи цвеќе пред Меморијалниот коплекс Партизански гробишта во Бутел, а честитка испрати и претседателот на Собранието, Талат Џафери. Претставници на политичкиТЕ партии оддадоа почит на паднатите борци, со положување цвеќе пред спомениците во Прилеп, Куманово и Скопје.

Денеска во Собранието, државната награда „11 Октомври“ за 2023 година, за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес, му беше доделена на композиторот Љупчо Константинов.

Ден 18 април 2025

00:01:17