домаUncategorizedНезависниот синдикат на здравствените работници бара покачување на платите, во спротивно најавува...

Независниот синдикат на здравствените работници бара покачување на платите, во спротивно најавува протести

На масовен протест ќе излезат здравствените работници доколку власта не одговори на нивните барања до 20 септември. Бараат 30 отсто покачување на платите, нов колективен договор, бенефициран стаж за итна медицинска помош, вработените на  ренген и психијатриските болници.

Додатокот за инфекција да се зголеми на 4 проценти и итно да се промени статусот на работниците кој се со договор на определено. Независниот Синдикат предупредува, вработените со бели мантили повеќе немаат трпение, доведени се до раб на егзистенција.

Независниот Синдикат ќе го поддржи и утрешниот протест најавен за случајот со Онкологија. Порачаа, нема да дозволат неколку изроди да ја оцрнат нивната фела.

Откако ги упатиле своите барања на разговор во Министерството за информатичко и администрација поминало месец и половина и тие не добиле одговор. Во овој синдикат од 25 000 здравствени работници, членуваат 2500. Поддршка за протестот ќе добијат и од останатите синдикати.

Ден 3 март 2024

00:01:17

Беше 2 март 2024

00:03:01

Ден 2 март 2024

00:01:17