домаСВРТИ НА ИГРАВИКЕНДОВ 39. ИЗДАНИЕ НА „МАКФЕСТ“ СО РЕКОРДЕН БРОЈ НА ПРИЈАВЕНИ ПЕСНИ

ВИКЕНДОВ 39. ИЗДАНИЕ НА „МАКФЕСТ“ СО РЕКОРДЕН БРОЈ НА ПРИЈАВЕНИ ПЕСНИ

Во тек се подготовките за реализација на 39. издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во Штип. Организаторите на денешната прес-конференција истакнаа дека и годинава на сцената во Центарот за култура „Ацо Шопов“ – Штип ќе се претстават над 20 изведувачи, во двете фестивалски вечери, на 25 и 26 октомври, в петок и сабота.

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов најави дека композициите ќе бидат проследени со оркестар во живо.

-Штип ќе биде повторно центарот на македонската забавна музика овој викенд. Очекуваме многу гости, многу забава, одлични композиции кои ќе бидат презентирани на овогодинашниот „Макфест“. Она коешто сакам да го споделам е дека оваа година композициите ќе бидат проследени со оркестар во живо. Надминато е и недоразбирањето со Министерството за култура, вели Јорданов.

Уметничкиот директор на „Макфест“ Роберт Саздов вели дека рекордениот број пријавени песни за учество на фестивалот само ја потврдува се поголемата заинтересираност и кај естрадата и кај јавноста.

Ден 18 април 2025

00:01:17