Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец’’ организира едукативни часови за млади од 18 до 23 години.
„Можат да се пријават оние кои учат или имаат завршено средно музичко/балетско училиште на насоката за традиционална музика и игра или се на академски студии во чии што програми се изучува музичко-сценскиот фолклор, како и оние кои се здобиле со солидни знаења преку членување во културно-уметнички друштва“, велат од „Танец“.
Кандидатите ќе ги избере стручна комисија која ќе ги провери основните музички и физички предиспозиции. Играчите треба да изведат еден играчки образец по личен избор и еден од репертоарот на „Танец“, предложен од комисијата. Пејачите треба да изведат една народна песна по личен избор и една од репертоарот на „Танец“.