Кралското семејство внимателно го следи здравјето на кралот Чарлс, како и сите промени поврзани со него. Меѓутоа изгледа дека принцот Вилијам и Кејт Мидлтон веќе прават планови за вонредни ситуации доколку продолжат здравствените проблеми на кралот Чарлс.
Уште во септември, Кејт објави дека завршила со хемотерапија, додавајќи дека „со нетрпение чека да се врати на работа и да направи уште неколку јавни ангажмани во наредните месеци“.
Како што продолжува нејзиното закрепнување, таа и Вилијам преземаат сè повеќе кралски должности, особено откако кралот Чарлс неодамна направи пауза од лекувањето за да ја посети Австралија.
Сепак, изворот вели дека работите зад сцената не одат толку добро, па поради тоа Вилијам и Кејт се подготвуваат за преземање на тронот.
„Тоа не е тема за која луѓето отворено зборуваат, но сите се свесни дека здравјето на Чарлс е нарушено“, изјави извор за „In Touch“.
„Последното нешто што Кејт и Вилијам го посакуваат е Чарлс да абдицира. Тие сакаат тој да продолжи онолку колку што е физички способен. Но постои таа ужасна реалност за неговата здравствена состојба и фактот дека тој станува сè постар, така што времето за негова замена изгледа дека ќе дојде побрзо отколку што се очекуваше“, додаде изворот.
Важно е Вилијам и Кејт да ги прифатат улогите
Со оглед на тоа што принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл сè уште не учествуваат во одлуките и од страна го набљудуваат сè она што е поврзано со повлекувањето на Чарлс од кралските должности, се создава уште поголрм притисок врз Вилијам и Кејт да ги преземат новите улоги.
Досега тоа го правеа, а Чарлс е повеќе од импресиониран од нивната работа.
„Реалноста е дека тие мора да се подготват за таа можност и да се справат со неа, и ментално и во праксата“, вели изворот.
„Ова станува сè поочигледно, а Чарлс е пресреќен знаејќи дека неговото наследство на крајот ќе го преземат тие“.
