домаСВРТИ НА ИГРА„ОСТЕН“ ГИ СООПШТИ НАГРАДЕНИТЕ АВТОРИ НА ОСТЕН БИЕНАЛЕ СКОПЈЕ 2024

„ОСТЕН“ ГИ СООПШТИ НАГРАДЕНИТЕ АВТОРИ НА ОСТЕН БИЕНАЛЕ СКОПЈЕ 2024

Доделувањето е најавено за 6 февруари 2025 година во Чифте амам, кога ќе биде отворена и официјалната изложба на ОСТЕН Биенале 2024.

Како што информира „Остен“, годинава пристигнале пријави од 273 уметници од 51 земји со 863 дела.

Квалитативниот избор на уметниците со нивните дела се одвивал во два дела: Селекција (селектор Корнелија Конеска од Северна Македонија), која селектирала 144 уметници, од кои 75 финалисти, а жирирањето го извршиле Бруно Кора од Италија, Маја Колариќ од Србија и Пик Кеобандит од Белгија, кои одлучиле за наградите.

Од Меѓународното жири се доделени три прави награди. Прва награда за цртеж, графика, комб.

техника на хартија  му се доделува на Павол Трубен од Словачка, а прва награда за слика на платно, инсталација, објекти на K. С. Шриватшан од Индија.

Ден 18 април 2025

00:01:17