Како дел од Моден викенд Скопје, вечер во 21 часот во „Лабораториум“ ќе се одржи модна ревија „Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации“. Станува збор за дел од проектот „Поттикнување на иновативноста и креативноста на жените на пазарот“, со поддршка од Амбасадата на Република Словенија, во имплементација на Здружението „Добредојде“ (Macedonia welcome centre).
Организаторите истакнуваат дека не станува збор само за модна ревија, туку и прослава на традицијата, занаетчиството и зајакнувањето.
Според најавата, ќе бидат претставени креации на 60 талентирани девојки и жени од Битола, Скопје, Куманово и од Струмица, кои поминале седуммесечна интензивна обука за шиење, плетење, везење и заживување на стариот македонски ткајачки занает.
