Музичарот Мартин Филиповски од „Некст тајм“ и неговата сопруга, ракометарката Андреа, станаа родители за првпат. Андреа вчера се породи и на свет ја донесе ќерката, која го доби името Лиана. Среќниот татко Мартин се огласи на својот профил на Инстаграм и со своите следбеници ја сподели радосната. „Светот во раце. Добредојде Лиана“, напиша Мартин. Мартин и Андреа се заедно од 2015 година, а во 2022 година тој ја запроси ракометарката во интимна атмосфера. Потоа, црковната венчавка се одржа во родниот град на ракометарката Андреа, Кичево.
