домаСВРТИ НА ИГРАМАКЕДОНИЈА НЕМА ДА УЧЕСТВУВА НА ЕВРОВИЗИЈА 2025

МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА УЧЕСТВУВА НА ЕВРОВИЗИЈА 2025

Македонија повторно нема да учествува на изборот за песна на Европа, Евровизија 2025, која годинава се одржува Базел, Швајцарија.

Ова е трета година по ред како нашата земја не учествува во ова познато музичко натпреварување, а последна беше Андреа Коевска во 2022 година со песната „Circles“, чиј настап беше проследен со скандал со фрлање на македонското знаме.

Според информации од буџетот на МРТВ за 2025 година, не се предвидени средства за учество на Евровизија, но и покрај тоа настанот ќе биде пренесуван.

Најдобриот резултат за Македонија досега на Евровизија беше осмото место, постигнато од пејачката Тамара Тодевска во 2019 година во Тел Авив, Израел.

Eдинствено ќе имаме претставник на Јуниорскиот Евросонг, каде учеството не бара големи финансиски средства.

Ден 18 април 2025

00:01:17