Пејачката и актерка Џенифер Лопез за магазинот „Интервју“ проговори за големите промени кои ѝ се случиле во животот и што научила додека минувала низ тешки животни фази. Таа рече дека ниту една секунда не жали за нејзиниот избор.
„Жал ми беше што ми требаше толку време за да го сфатам тоа, и по неколку пати. Требаше да го знам тоа порано, сега разбрав“, изјавила Џенифер Лопез за нејзиниот развод со Бен Афлек.
Таа рече дека ниту една секунда не жали за нејзиниот избор.
„Тоа е доживотен процес. Имаше моменти кога мислев дека разбирам сè и научив некои животни лекции, но потоа животот повторно ми ги испраќа и тогаш сфаќам дека ништо не сум научила“, искрено изјавила пејачката.
Џенифер се пошегува за себе и љубовните врски.
„Ми се допаѓаше да сум во врски и сакав да остарам со некого. Мислев дека така ќе бидам цела и среќна, но не бев. Конечно ја научив лекцијата – ми требаа само 30 години“, додала таа.
Таа вели дека не размислува за нова врска
