Jелена Јованова е родена во Бања Лука на 21 октомври 1984 година. Таа е македонска театарска, филмска и телевизиска глумица, и е една од најталентираните и најнаградувани македонски глумици од помладата генерација. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Владо Цветановски, во 2007 година. Од 2009 година работи во Македонски народен театар – Скопје.
Нејзиниот татко е Македонец од Штип, а мајка и е Србинка од Приедор. Таа има постар брат кој работи како новинар. Нејзините родители се запознале и долго време пред нејзиното раѓање живееле во Загреб, каде што е роден нејзиниот брат, но подоцна решиле да се преселат во Штип. Покажала големи склоности кон уметноста уште на рани години, а започнала со глума во средношколските денови.
Во 2002 година ја добила наградата за надежен млад глумец во Македонија на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани за улогата на Кристина во „Дупло дно“ од Горан Стефановски. Се запишала на Факултетот за драмски уметности во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде што дипломирала на отсекот за глумечка игра во класата на Владо Цветановски во 2007 година.
