На 22 октомври, вторник, со огромна чест и задоволство, екипата „Sure Shotz“ ќе го одбележи своето 20-годишно постоење преку уникатен настан кој ќе ја прослави нивната долгогодишна посветеност на хип-хоп културата во Македонија и регионот. Настанот, кој е замислен како вистински „Friends & Family Link Up,“ ќе биде составен од два дела: pre-party во Three Kitchen Bar, започнувајќи од 18 часот, и after-party по полноќ во Станица26.
Целиот настан има за цел да ја долови есенцијата на „Sure Shotz,“ екипа која веќе две децении активно ја негува и промовира хип-хоп музиката и културата. Со внимателно избрана програма и диџеи, „Sure Shotz“ ќе го претстават најдоброто од нивната музичка приказна, но и енергијата и духот што ги направија водечки во хип-хоп заедницата.
„Sure Shotz“ не се само музика; тие се семејство кое во изминатите 20 години го прошири своето влијание не само во Македонија, туку и во целиот регион. Овој настан ќе биде своевиден омаж на нивниот пат и нивната неуморна работа на ширење на хип-хоп културата.
