домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Дионис од Стоби / Дионис Таурос од Јаболци /...

Дали знаете? – Дионис од Стоби / Дионис Таурос од Јаболци / Карпа „Слонова глава“

На археолошкиот локалитет Стоби беше откриена мермерна скулптура со претстава на богот Дионис. Скулптурата која најверојатно била изработена во 2-3 век од н.е. и е сочувана во височина од околу 50 сантиметри. Откриена во остатоците од срушен ѕид од куќа од 6 век, каде била употребена како градежен материјал. Токму поради тоа недостасуваат главата, десната рака и постаментот со стапалата. Со оглед на тоа што во 6 век христијанството е доминантната религија, чест е случајот на уништување и употреба на скулптурите на паганските божества од претходните векови како градежен материјал.
Дионис Таурос од Јаболци, Скопско, 1 век пне. Бронзена глава пронајдена 1975 година на археолошкиот локалитет Падиште крај селото Јаболци, во скопскиот регион.Станува збор за глава на Дионис, антички бог на грозјето и виното, бог на забавата, заштитник на бунтовниците особено оние кои не сакале да се конформираат на конвенционалното општество. Дионис е главен двигател на развојот на античкиoт театар. Денес сместен во Археолошки Музеј на Македонија
Дека и природата ваја исклучителни дела доказ е атрактивната карпа што личи на слонова глава, создадена од две природно споени карпи што се наоѓаат во археолошкиот комплекс Маркови кули кај Прилеп. И познатиот истражувач Роберт Рипли го претставил како мало чудо на природата во енциклопедијата на светски познатите природни реткости. Луѓе што имале направено лоши дела доаѓале во камарите полни со вода да мијат раце и лице за да се исчистат. Најраширено е преданието дека слонот бил ослободување од јаловост. Штири жени се вртеле околу слонот со свеќи в раце во ноќите меѓу петок и сабота за да ги смилуваат вишите сили да им дадат челад.

Ден 18 април 2025

00:01:17