домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Божур и пештера Макаровец

Дали знаете? – Божур и пештера Макаровец

Божурот потекнува од Кина каде се одгледува повеќе од 1300 години, а во Европа е донесен пред 200 години, раскошна грмушка со висина од 1 до 2 m. Има крупни цветови во бела, розова, жолта, виолетова и црвена боја. Може да бидат еднослојни или дупли. цвета во мај и јуни. Во Демиркаписките брда има ендемска врста на црвен божур. Регистрирани се неколку живеалишта на овој вид: Газиместан, Ровине, Кипар, Турција. Легендата вели дека сите тие места се поврзани со Крале Марко. На 17 мај 1395 год. во битката кај Ровине, кралот Марко загинал, а црвениот божур е симбол на таа смрт. Просторот на Демир Капија има седум објекти на карпите а една од нив е Маркова кула-Корешница. Описот на Крале Марко во народното творештво се разликува од историските факти, но сите имаат заедничка приказна -таму цвета црвен божур. Во една песна се споменува дека учел кај попот Неделко во Призрен, во друга песна се вели дека бил присутен на бојното поле по завршувањето на Косовската битка, во една песна тој му се спротивставува на султанот Сулејман, кој владеел по смртта на Марко, во друга песна се споменува дека Марко бил три години затворен во Истанбул.

ПЕШТЕРА МАКАРОВЕЦ ВЕЛЕС се наоѓа во клисурата Пешти, од десната долинска страна на реката Бабуна. Изградена е од сплет на повеќе канали (Манаковиќ 1966: 109-111), со вкупна должина од 310 метри (Андоновски 1981: 211). При палеонтолошките сондирања во 1955/65 г. во пештерата се откриени пет артефакти несигурно определени во горен палеолит, како и горноплеистоценска фауна потврдена со фосилни остатоци од пештерни мечки (Ursus spelaeus), хиени (Crocuta crocuta spelae), лав (Panthera leo spelaea), козорог (Capra ibex), волк (Vulpes vulpes), лисица (Canis lupus), коњ (Equus caballus), магаре (Equus hydruntinus). Пештерата е сиромашна со пештерски украси, a во нејзиниот краен североисточен дел, под отсек висок 8 метри, се наоѓа пештерско езеро. Пештерата Макаровец особено е значајна по богатото наоѓалиште на фосилна фауна (Гаревски 1969, Garevski & Malez 1984).

Ден 18 април 2025

00:01:17