6 ноември
Беше тоа на 6 Ноември 1942 кога во селото Битуше, Гостиварско, проработи првата партизанска печатница во Македонија „Гоце Делчев“.
На 6 Ноември 1944 Ослободени се градовите: Радовиш, Дојран и Валандово.
Беше тоа на 6 Ноември 1993 кога во Рим, Република Македонија е примена за полноправен член на Меѓународната организација на ОН за храна и земјоделство (ФАО).
На 6 Ноември 1909 е роден Трајко Прокопиев истакнат македонски композитор и диригент на класична музика. По ослободувањето го формира пејачкиот хор на Главниот штаб на НОВ на Македонија, а во 1945 година стана прв директор на Средната музичка школа во Скопје. Тој беше главен музички уредник на Радио Скопје, диригент на Симфонискиот оркестар и на Операта на Македонскиот народен театар, а од 1958 до 1964 година го водеше Ансамблот за народни игри и песни на Македонија “Танец”. Умре во Белград, на 21 јануари 1979 година.
Беше тоа на 6 Ноември 1915 кога загинал Христо Чернопеев, член и војвода на Македонската револуционерна организација, еден од поистакнатите нејзини дејци, а подоцна станал пратеник во Бугарското народното собрание, учесник во Балканските војни и Првата светска војна. Основач на Бугарската народна македонско-одринска револуционерна организација. Загинал на фронтот како бугарски офицер во судир со француските сили во близина на село Криволак. Бил поборник за одделна македонска нација.
6 Ноември е меѓународен ден за спречување на експлоатација на животната средина во војна и вооружени конфликти.
