домаБЕШЕБЕШЕ - 5 НОЕМВРИ 2023 ГОДИНА

БЕШЕ – 5 НОЕМВРИ 2023 ГОДИНА

5 ноември

Беше тоа на 5 Ноември 1492 кога морепловецот Кристофер Колумбо во својот дневник запишал дека пронашол „едно вкусно растение од кое живеат луѓето“. Тоа беше прв пишан документ во кој се спомнува пченката.

На 5 Ноември 1944 единиците на 51. Македонска дивизија ги протераа и последните окупаторски сили и ја ослободија Струмица и Струмичко.

На 5 Ноември 1968 Во МНТ била одржана премиерата на операта „Цар Самуил“на композиторот Кирил Македонски.

Беше тоа на 5 Ноември 2002 кога по одлука на надлежен суд, ОКТА е задолжена да плати оштета на грчката компанија „Хеленик Петролеум“во вредност од 10 милиони долари

Беше тоа на 5 Ноември 1912 кога во Гостивар е роден Александар Гаревски е роден. Бил учесник во НОБ, делегат на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година. По Втората светска војна бил заменик-министер за градежништво на Македонија, по што успешно завршил одговорна задача во „Хидроелектропроект“ реализација на ХС „Маврово“. Одиграл пионерска улога во развојот на хидротехниката, еден од доајените на хидротехниката во Македонија

На 5 Ноември 1931 роден е Бранко Гапо, еден од најпознатите, најплодните и најнаградуваните македонски филмски режисери. Со над 40 документарни и 7 играни филмови, како и со работата на драмски, телевизиски и радио-претстави, во период од над 40 години, тој е меѓу основоположниците на македонската кинематографија.

Ден 18 април 2025

00:01:17