31 декември
Беше тоа на 31 Декември 1898 кога во Софија умрел Јосиф Ковачев, учител, педагог, основоположник на современото школство во Македонија, еден од најобразованите луѓе во Македонија во тоа време. Роден бил во Штип, на 14 јануари 1839 година.
На 31 Декември 1902 според турски извештаи, поради антидржавна дејност во Скопје се затворени 861 христијани.
Беше тоа на 31 Декември 1909 кога во Лерин убиен е Лазар Стојчев Ѕоле, Леринско македонски револуционер, лерински војвода на ВМОРО. Ѕоле влегува во ВМОРО и првично врши курирски и други задачи. Потоа станува комита кај Тане Стојчев, а од 1903 година е лерински војвода на ВМОРО. Учествува во Илинденското востание. По пропаста на востанието е околиски војвода. Како реонски војвода Ѕоле се движи во Леринскиот револуционерен реон со 6 комити, а одделно дејствуваат неговите подвојводите Насе Катин од Блаца, дејствува во Буфкол, Петар Христов Невољанчето во Нередско и Крсте Љондев во Сетинско и Попадиско. По Младотурската револуција Ѕоле се легализира и учествува во дејноста на младотурците и застанува на чело на месната полиција. Убиен е во Лерин во 1909 година од турчин по грчка провокација.
Беше тоа на 31 Декември 1930 во Скопје роден е Ацо Јовановски–Снагата македонски филмски, театарски и телевизиски актер, еден од легендите на македонската драмска сцена. Тој е од првата генерација на дипломирани актери. Во неговата богата кариера има одиграно 10 до 12 врвни улоги, како во македонските така и во југословенските претстави, филмови. Филмската кариера ја започнува со улогата во првиот македонски филм „Фросина“ во 1952 година. Според неговите актерски остварувања може да се окарактеризира како актер кој успешно и подеднакво се снаоѓа во толкувањето улоги во комедии, историски драми и филмови со современа тематика. За нив има добиено многу награди: за животно дело, за ролји и еден орден за труд. Тој е единствениот македонски актер, кој заедно со Петре Прличко ја има добиено наградата „Славица“. Почина на 18 март 2016 во Скопје.
Беше тоа на 31 Декември 1941 Во Струга, спроти новата 1942 година е испеана познатата песна „Денес над Македонија се раѓа” — денешната химна на Република Македонија. Автор на текстот е Владо Малески, а автор на музиката Тодор Скаловски. По завршувањето на Втората светска војна е усвоена како химна на СР Македонија а на 11 август 1992 година со закон е прогласена и за химна на независна Македониja.
Беше тоа на 31 Декември 1946 Македонија се конституира под името Народна Република Македонија, во рамките на ФНРЈ.
Беше тоа на 31 Декември 1946 Донесен е првиот устав на Народна Република Македонија.со кој Македонија се конституира под името Народна Република Македонија.
Беше тоа на 31 Декември 2019 во Белград почина Ратко Јанев, македонски атомски физичар и член на МАНУ. Проф. д-р Ратко Јанев е роден на 30 март 1939, во Свети Врач денес Сандански, Пиринскиот дел на Македонија. Гимназија завршил 1957 година во Скопје, а 1963 година дипломирал на Електротехничкиот факултет, група техничка физика на Универзитетот во Белград. Од 1981 година работи како научен советник во Институтот за нуклеарни науки “Борис Кидрич“ во Винча. Проф.д-р Ратко Јанев во 1993 година помогна во процесот на зачленувањето на Македонија во Мегународната Агенција за атомска енергија.
